33.8 C
Skopje
среда, 13 август 2025

Мурињо: Тотенхем може да биде шампион во која било друга европска лига

По воведните осум кола во Премиер лигата, Тотенхем е втор на табелата со 17 бода, еден помалку од лидерот Лестер, а има еднаков број бодови колку и актуелниот првак Ливерпул. Петлите по поразот од Евертон во премиерното коло влегоа во ритам, а тимот на Жозе Мурињо е предводен од феноменалното дуо Кејн – Сон.

Двајцата офанзивци се во извонредна форма, Кејн брои седум гола и осум асистенции во осум настапи, додека Сон е малку поефикасен со осум погодоци. Доколку продолжат со ова темпо, нема да биде изненадување ако Тотенхем се наметне како сериозен кандидат за титулата, а да не се заборави дека Мурињо знае како се освојува најпосакуваниот трофеј во Англија.

Сепак, Специјалниот смета дека воопшто нема да им биде лесно да ја остварат таа мисија ако се знае дека Премиер лигата е најконкурентна лига во Европа.

„Во која било друга лига во Европа Тотенхем може да биде шампион. Но, тука конкуренцијата е исклучиво голема. Можеме да имаме добра сезона, да освоиме многу бодови, но не се прашуваме само ние. Тука се Ливерпул, Манчестер сити, Челзи, Манчестер јунајтед, Арсенал, па дури и Лестер. Воопшто не е лесно да се биде над сите“, посочи Мурињо.

По репрезентативната пауза, Тотенхем го очекува нов тежок предизвик, во Лондон гостува Манчестер сити во рамките од деветтото коло.

- Оглас -

Најнови вести