Мурињо „удри“ по Лацио: Џабе се менуваат правилата, кога и сега може да се победи со гол постигнат од офсајд

Рома на домашен терен не успеа да го скрши отпорот на Болоња и на крајот дуелот заврши без голови, а тренерот на Римската волчица беше лут поради ситуација која се случи на еден друг натпревар. За разлика од Рома, нивниот градски ривал Лацио славеше со 4:3 на гости кај Специја, па сега двата римски тима имаат по 59 бодови и се во „мртва трка“ за местата кои водат излез во натпреварувањата на УЕФА за следната сезона.

Мурињо вели дека 22 години е во фудбалот и дека многу работи се менуваат, но фактички ништо посебно не се менува. Португалскиот стратег обвини дека Лацио до победата над Специја стигнал со гол постигнат од офсајд.

„Ништо не е сменето. Цели 22 години сум тренер и уште ништо не е сменето. Многу работи се менуваат во фудбалот, но во основа нема ништо сменето. И по 22 години уште можеш да победиш меч со гол постигнат од офсајд. Така беше кога почнував, така е и сега. Во ова коло се случи тим да победи со гол постигнат од офсајд“, незадоволно коментираше Мурињо.

Од фотографиите кои се појавија на социјалите мрежи, сугестијата е дека Ачерби од Лацио бил во недозволена позиција, но судиите не реагираа, исто како и арбитрите во ВАР собата. Токму Ачерби беше стрелец на голот за победа на Лацио на гостувањето кај Специја и тоа во 90 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести