Португалскиот тренер Жозе Мурињо денеска беше снимен на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона. Не е познат мотивот за неговиот престој во Каталонија, па тоа отвори многу простор за шпекулации.
Новинарите кои го начекаа, го прашаа дали донел одлука за својата иднина, а Специјалниот само одмавна со главата. Следуваше и прашање дали е во преговори со Барселона, на што довчерашниот тренер на Рома само се насмеа.
https://twitter.com/i/status/1749024519375720651