Мурињо „уловен“ на аеродромот во Барселона! (Видео)

Португалскиот тренер Жозе Мурињо денеска беше снимен на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона. Не е познат мотивот за неговиот престој во Каталонија, па тоа отвори многу простор за шпекулации.

Новинарите кои го начекаа, го прашаа дали донел одлука за својата иднина, а Специјалниот само одмавна со главата. Следуваше и прашање дали е во преговори со Барселона, на што довчерашниот тренер на Рома само се насмеа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести