Мурињо ве советува кој е сигурен долгорочен тип

Тотенхем денеска треба формално да го одигра реванш-мечот против Волфсбергер и да се пласира во осминафиналето од Лигата на Европа. Англискиот тим има сигурна предност од 4:1 и без проблеми треба да забележи нов триумф против реално многу послабиот противник.

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, не сакаше многу да зборува за денешниот меч, туку самоуверено најави дека неговиот тим ќе биде освојувач во Лигата на Европа. Португалскиот стратек во последно време е под голем притисок и изложен на бројни критики затоа што Тотенхем загуби на шест од последните осум средби.

„Смирен сум. Уверени сме дека добро работиме. Не сум задоволен од резултатот, но моето искуство ми помага. Верувам дека ќе ја освоиме Лигата на Европа и ќе влезам во историјата на Тотенхем по добри, а не по лоши резултати“, рече Мурињо.

Тотенхем моментно е на деветото место во Премиер лигата дури со девет бода помалку од екипите кои се во Топ 4.

 

- Оглас -

Најнови вести