19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Мурињо вечерва може да стане најуспешниот тренер во историјата на европските купови

Победа на Рома против Бетис вечерва ќе го искачи Жозе Мурињо на врвот на листата на тренери со најмногу победи во европските купови.

Специјалниот има 106 победи и го дели првото место со Сер Алекс Фергусон. Ако Волчицата триумфира, Мурињо ќе биде осамен на првото место. Веднаш зад нив со 105 е Карло Анчелоти, кој во моментов е на клупата на Реал Мадрид.

Во Лигата на шампионите, Фергусон и Анчелоти се на делба на првото место со по 102 победи, а Мурињо може да биде пред нив поради победите во Лигата на Европа и Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести