Жозе Мурињо имаше пет финалиња и пет победи во европските купови сè до синоќа, кога негов тим за првпат беше поразен во борба за континентален трофеј. Рома на пенали загуби од Севиља, а според Мурињо, голема заслуга за поразот на Римската волчица има англискиот судија Ентони Тејлор.
„Финалето помина во интензивна, енергична, машка игра, а судијата делуваше како да е Шпанец. Постојано само ни делеше жолти картони, а неправдата се покажа во моментот кога требаше да му покаже втор жолт картон на Ламела, тој тоа не го стори. Ламела наместо да биде исклучен, тој остана во игра и на крајот даде гол во пенал-рулетот“, анализира Мурињо, кој на паркингот на стадионот дури и вербално го нападна Тејлор велејќи му дека е „еба*а срамота“.
https://twitter.com/i/status/1664055749658435585
Иако неговиот тим загуби, португалскиот стратег потенцира дека е горд на своите фудбалери.
„Уште пред мечот кажав дека или ќе заминеме со трофејот или ќе си заминеме мртви. Ние сме мртви. Мртви уморни сме, физички и психички, мртви сме затоа што тоа е неправеден пораз со многу спорни моменти. Се враќаме мртви уморни, мртви од чувството дека е неправедно“, анализираше Мурињо, кој само што го зеде медалот за второ место, го подари на едно дете од публиката.
Мурињо засега не открива дали и следната сезона ќе биде на клупата на Рома или ќе бара нов предизвик.