19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Мурињо во Рим дочекан како да е Папа (Видео)

Жозе Мурињо пристигна во Рим и предизвика еуфорија кај навивачите на Рома. Португалскиот стратег е новиот тренер на Римската волчица, која со години се обидува да се врати на старите победнички патеки. Со Мурињо на чело, фановите веруваат дека Рома повторно ќе биде во трка за трофеите.

На аеродромот во Рим, стотици најверни навивачи на Рома со нетрпение чекаа да се појави Мурињо и да му дадат поддршка. Само што излезе од авионот, Специјалниот развиори шал на римскиот калчолигаш.

Мурињо веднаш влезе во автомобилот, но не пропушти да го отвори прозорецот и да ги поздрави сите оние кои беа таму да го пречекаат.

https://twitter.com/i/status/1410947220258631685

 

- Оглас -

Најнови вести