Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, го сподели своето гледање на ремито од 1:1 на Црвените ѓаволи против Ливерпул.
„На Клоп не му се допадна менито. Сакаше месо, но доби риба“, рече Мурињо во анализата.
„Тие се среќни кога играат на тој начин. Се разбира, Јунајтед во моментов е малку лимитиран. Цело време игра со тројца централни дефанзивци, кои секогаш беа компактно поставени. На Ливерпул не му се допадна менито кое му беше понудено. Признав дека сум среќен што Ливерпул не победи бидејќи рекордот од 9 победи по ред на стартот на сезона остана мој. Јирген очигледно малку е разочаран. Овој стадион е специјално место за Ливерпул да победи, но Клоп засега не знае како да го направи тоа“, додаде Мурињо.