9.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Мурињо во свој стил: Каде сте сега да зборите?

Рома оствари голема победа на гостински терен против Аталанта од 4:1.

Со тоа, тимот од Рим ја прекина лошата серија од 19 месеци без победа над една од топ 5 екипите во Серија А.

Секако, тоа беше добар повод за Жозе Мурињо уште еднаш да има свое шоу на прес конференцијата по натпреварот.

„Каде сте сега да зборите за тоа дека сме немале 19 месеци победа над топ-5 екипа во Италија?

Сега можете да зборите дека ни беа потребни 20 минути за да го сториме тоа и ова е голем чекор напред за менталната стабилност на овој тим“ изјави Мурињо.

Со оваа победа, Рома дојде до бројката од 31 бод во Серија А и е на делба на шестотто место.

- Оглас -

Најнови вести