Мурињо: Врв ќе e ако бидеме четврти со Тотенхем

Жозе Мурињо има големи проблеми околу составот на Тотенхем. Најпрво се повреди Хари Кејн, а потоа остана и без втората голема ѕвезда Сон Хеунг-мина. Без двајцата најдобри голгетери, лондонскиот тим се најде во реализаторски проблеми. Тоа се виде и на дуелот против Лајпциг во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, кога бундеслигашот победи во Лондон со 1:0.

Со ваков тим на Тотенхем, Мурињо вели дека не е голем оптимист и дека голем успех ќе биде ако успее да стигне до четвртото место на табелата во Премиер лигата.

„Дали ако обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи на крајот од сезоната ќе биде резултат на мојата кариера? Да, во ваква ситуација, дефинитивно ќе биде“, рече Мурињо.

Португалскиот стратег се пожали и на пеколниот распоред кој го очекува неговиот тим. Тотенхем утре од 13:30 часот игра дерби против поранешниот тим на Мурињо, Челзи и тоа на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести