Тотенхем уште еднаш поткажа дека домашниот терен не му е некоја предност и го загуби дербито од Ливерпул со 1:3. Лондонскиот тим сезонава има само четири победи во 10 средби на својот стадион, а трипати беше поразен. Само со 15 освоени бода од можните 30 како домаќин, Тотенхем заостанува осум бода зад лидерот Манчестер сити.
Мурињо на клупата на Тотенхем седна на 23 ноември 2019 година, што значи дека е на чело на клупата година и два месеца. Во овој период, Тотенхем одигра 23 лигашки средби на свој терен и загуби дури шестпати. Овие шест порази се рекорд за Мурињо како предводник на еден тим во неговата 20-годишна кариера.
Статистиката покажува дека Мурињо како предводник на Челзи во шест и пол сезони имал само пет порази. Португалецот три сезони беше на чело на Манчестер јунајтед и на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата загуби само четирипати. Додека беше стратег во Реал Мадрид, Мурињо со Кралевите на „Сантијаго Бернабеу“ во Примера загуби само три дуели, додека на клупата на Порто само еднаш бил поразен дома.
Сезонава во Тотенхем го нема главниот адут на Мурињо, а тоа е непобедливоста на домашен терен.
6 – José Mourinho has lost six of his 23 home league games in charge of Tottenham Hotspur, more than he has at any of his previous clubs. Stormed. #TOTLIV pic.twitter.com/AXcWqjX2mT
— OptaJoe (@OptaJoe) January 28, 2021