Жозе Мурињо признава дека е дел од историјата на Челзи, но кога Бенфика ќе се соочи со неговиот поранешен тим во Лигата на шампионите на „Стемфорд Бриџ“ во вторник вечер, Специјалниот ќе го заборави минатото и ќе се фокусира на сегашноста.
„Навистина ќе биде како да си одам дома. Тоа е стадион каде што освоив три титули во Премиер лигата. Напишав историја во Челзи. Челзи припаѓа на мојата историја, јас припаѓам на историјата на Челзи. Тоа е фудбал. Тие сакаат да победуваат, а јас сакам да победувам. За време на натпреварот имам способност да заборавам што било и едноставно да се натпреварувам“, рече Мурињо кој во јануари во ЛШ ќе има дуел и против Реал Мадрид кој истотака е негов поранешен клуб.