Мурињо за стрелецот на победничкиот гол: „Заслугите одат кај неговите родители“

Рома го победи Баер Леверкузен со 1-0 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа со погодокот на младиот Едоардо Бове. Тренерот на римјаните, Жозе Мурињо, имаше само пофални зборови за стрелецот.

„Заслугите се за неговите родители, не за мене. Неверојатно е пристоен и паметен, професионалец кој се однесува како да има 30 години. Минатата сезона влегуваше во игра по 5 минути. Оваа година игра по 30-тина минути, а дури на неколку натпревари започна од првата минута. Добро ги контролира своите емоции. Мојата работа е да им помогнам на играчите да пораснат“, вели Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести