Бенфика стартуваше со четири порази во Лигата на шампионите, но португалскиот гигант сега спои две победи и со шест бода полека се приклучува кон екипите кои се борат за место во нокаут-фазата. Бенфика синоќа со 2:0 славеше над италијанскиот првак Наполи, а како по обичај, по мечот во главна улога беше Жозе Мурињо.
Покрај анализата на играта, тренерот на Бенфика, Мурињо, откри и еден интересен податок, а тоа е дека како сувенир го добил дресот на Мектоминеј. По мечот, еден од новинарите беше љубопитен и го запраша Мурињо:
Новинар: „Забележав дека имате торба. Дали е подарок за еден од новинарите?“
Жозе Мурињо: „Торбата е моја.“
Новинар: „Што е тоа?“
Мурињо: „Тоа е дресот на Мектоминај. Нему му дадов шанса, а на клупата го ставив Погба наместо него. Најмалку што можеше да направи беше да ми го даде својот дрес“, рече Мурињо.
Португалскиот стратег кога работеше во Манчестер јунајтед, му даде шанса на Мектоминеј да го покаже раскошниот талент, а на клупата ја седна тогашната голема ѕвезда Пол Погба.

