Жозе Мурињо и Тотенхем ги разочараа своите навивачи во Лондон откако Лајпциг победнички си замина од гостувањето во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Без двајцата клучни играчи, Кејн и Сон, кои се повредени, Тотенхем не успеа да го загрози голот на противникот, а Лајпциг од пенал погоди за предност од 1:0 пред реваншот во Германија.
Иако неговиот тим загуби, Мурињо вели дека ништо не е загубено.
„Загубивме со 1:0, а не со 10:0. Само 1:0 е. Тоа е резултат кој е отворен и дава шанси за двете екипи. Нема да бидеме првата екипа која загубила на првиот меч со 1:0 дома, а потоа славела на реваншот на гости“, вели Мурињо по поразот на неговиот тим.
Ова е четврти пат тимот кој го предводи Мурињо да загуби на свој терен во првиот меч од нокаут-фаза, а за тоа каков е неговиот досегашен биланс, може да прочитате ТУКА.