Мурињо закажа тренинг на Божиќ, играчите бесни

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе тренираат на Божиќ, 25-ти декември, како казна за сите случувања во изминатиов период. Жозе Мурињо воведува построга дисциплина во екипата, а особено е разочаран по вчерашниот пораз од Валенсија со 2-1.

Имено, во ерата на сер Алекс Фергусон, 25-ти беше слободен ден за фудбалерите, но и за сите оние кои работата во тренинг-центарот на клубот. Ниту Мојс, а ниту Ван Хал не сменија ништо во врска со тоа, Божиќ е неработен ден кој сите вработени го поминуваат со семејствата. Но, Мурињо става крај на тоа, а на играчите оваа промена воопшто не им се допадна. Клубот дополнително ќе мора да ангажира луѓе кои ќе работат токму на овој голем празник.

Португалскиот стратег и минатата сезона се обиде да го стори тоа, меѓутоа од раководството му напоменаа дека тоа е невозможно. Сепак, по сите изгледи, Мурињо истера по свое и црвсто стои зад неговата одлука. Тимскиот тренинг е закажан за 16 часот, а потоа сите заедно ќе го прослават празникот на вечера во клупскиот хотел.

- Оглас -

Најнови вести