Рома е блиску да го комплетира трансферот на Матијас Виња, левиот бек на Палмеирас, за сума од 13,5 милиони евра, од кои 2,5 милиони ќе се исплатат во бонуси.
Уругвајскиот репрезентативец е замената за повредениот Леонардо Спинацола, кој практично ќе ја пропушти целата нова сезона поради повредата на Ахиловата тетива, со која се здоби за време на Европското првенство.
Виња има 23 години и беше клучен играч на Палмеирас во походот кон тројната круна во 2020 година, кога бразилскиот гигант ги собра титулите во Серија А и Купот, како и Копа Либертадорес.
Останува да се договорат условите околу договорот на Виња, додека 40% од сумата, или околу 4,4 милиони евра ќе бидат префрлени на сметка на уругвајскиот Национал, од каде што потекнува Виња.
https://twitter.com/GonzaloRonchi/status/1417173684226252803