Голем „кикс“ направи Бенфика во 11-тото коло на првенството на Португалија откако на домашен терен одигра само 2-2 против Каза Пиа. Избраниците на Жозе Мурињо до 65-тата минута водеа со 2-0, но примија два гола, што им овозможи на Порто и на Спортинг да избегаат на врвот на табелата.
Каза Пиа се врати во натпреварот со неверојатен автогол на Томас Араужo.
Откако голманот на Бенфика, Трубин, му одбрани пенал на Касијан, дефанзивецот на Бенфика тргна на одбиената топка и со силен удар ја испрати зад грбот на својот голман. Пеналот за Каза Пиа, како и оној со кој Бенфика водеше 2-0, беа спорни и предизвикаа бројни дискусии.
Casa get a scandalous pen, keeper saves it just for a player to put it top bins on the wrong side 😂😂😭
— JM PICS (@MourinhoPics) November 9, 2025
pic.twitter.com/fvtajxy2Ka
Бенфика беше шокирана до крајот кога во судиското продолжение Нгага постигна изненадувачки гол за 2-2.
Веднаш по натпреварот, тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, и спортскиот директор Марио Бранко, влегоа на терен и вербално го нападнаа судијата Густаво Кореја. Двајцата го следеа од центарот на теренот до тунелот, постојано негодувајќи.
Mourinho prime is back…. pic.twitter.com/Ku1KpFXYEc
— Goncalodias17 (@goncalo_diass17) November 9, 2025
Мурињо беше екстремно бесен по натпреварот.
„Бенфика заслужува повеќе почит. Судиската одлука против нас за пенал, за кој секаде е јасно наведено дека не беше пенал, беше грешка – и тоа сум благ кога велам ‘грешка’ – на ВАР, чие задолжение е да му помогне на судијата да не прави грешки. Огромна и очигледна вина на ВАР.
Нашата вина е што не го затворивме натпреварот целосно. На 2-0 го направивме тоа, но судијата и ВАР повторно го отворија натпреварот. Кога ВАР и судијата повторно го отворија, ние повторно ја презедовме иницијативата, а потоа тимот кој не упати ниту еден удар имаше среќа да постигне гол. Наша е вината, на играчите и на тренерите, но огромната, необјаснива одговорност е кај судиите. Подобро ќе застанам тука“, изјави Жозе Мурињо.

