Легендарниот тренер Жозе Мурињо даде контроверзен коментар во врска со ВАР-системот. Тренерот на Бенфика коментираше за судењето во Португалија, критикувајќи ги одлуките на судиите и во натпреварите на Бенфика и на нивните ривали. По последното коло од првенството, тој ја нарече Бенфика најоштетениот клуб.
„Подобро е да се отстрани ВАР. Ако ВАР не може да интервенира кога има грешка од ваков обем… Што прави ВАР?“, рече Мурињо во пресрет на натпреварот против третолигашот Атлетико во Купот на Португалија.
Во последните два натпревари, Бенфика имаше лоши резултати. Загуби со 0:1 од Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, а во првенството на Португалија на домашен терен одигра само 2-2 против Каса Пиа. Орлите моментално имаат 25 бода и се на третото место на табелата во трката за титулата во Португалија, шест помалку од лидерот Порто.


