Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ги жали фудбалерите на Јувентус и нивниот тренер Масимилијано Алегри по одлуката на тимот да му бидат одземени 10 бода на две кола до крајот на сезоната во Серија А.
„Ова е шега. Не се прави вакво нешто на две кола до крајот. Ако знаевме дека ќе им одземат бодови, нашиот пристап на мечевите со Болоња и Монца ќе беше поинаков. Жал ми е за Алегри и играчите коишто се професионалци како мене и што плаќаат за грешки на нивните директори. Мислам дека е компромитирана регуларноста на првенството, но не сакам повеќе да зборувам на оваа тема“, изјави Мурињо.