15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Мурињо жестоко казнет поради „дивеењето“ на дуелот Рома – Верона

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, е казнет со два меча суспензија поради црвениот картон добиен на дуелот против Верона на „Олимпико“. Португалскиот стратег доби црвен картон откако во 90-тата минута вербално го нападна главниот судија Лука Паирето.

Мурињо гестикулираше кон Паирето како комуницира телефонски, потсетувајќи го дека таткото на главниот арбитер, Пјерлуиџи Паирето, беше вмешан во најголемиот фудбалски скандал во Италија, Калчополи.

Рома ќе биде без главниот тренер на дуелите против Специја на Гости и против Аталанта во Рим. Освен суспензијата од два меча, Мурињо ќе мора да плати и 20.000 евра парична казна.

- Оглас -

Најнови вести