Мурињо живее во луксузен хотел во Истанбул, досега потрошил над 170.000 евра за спиење

Жозе Мурињо летово потпиша договор со турскиот гигант Фенербахче и од јули е на чело на овој клуб. Доведувањето на Мурињо беше со цел Фенербахче да ја освои титулата во Турција, но засега не му оди најдобро. Фенербахче е на четвртото место на табелата со 17 бода, дури осум помалку од лидерот Галатасарај, но има одиграно и меч помалку.

Иако веќе неколку месеци е во Истанбул, Мурињо уште нема постојано живеалиште и моментално живее во хотел. Тој е сместен во луксузниот хотел „Четири сезони“ на брегот на Босфорот. Најевтината соба за една ноќ во овој хотел чини 1.200 евра од вечер. Португалецот досега помина 141 ден, што значи дека досега само за престојот во хотелот има потрошено 171.000 евра.

На Мурињо не му е првпат да живее во хотел. Кога беше тренер во Манчестер јунајтед, исто така живееше во хотел кој се наоѓаше на брегот на реката која е во градот. Фенербахче е 10-тиот клуб што Мурињо го води. Претходно бил на клупата на Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Рома.

- Оглас -

Најнови вести