Интер точно пред 10 години на овој ден ја освои титулата во Лигата на шампионите. Составот на Жозе Мурињо, во кој голема улога имаше и нашиот Горан Пандев, среде Мадрид го совлада Баерн Минхен остварувајќи историски успех на клубот со освоената Триплета.
Специјалниот говорејќи за „Газета дело спорт“ се присети на тие мигови, а не испушти и да се самокритикува во негов стил.
„Понекогаш знаев да ја поминам границата, но тоа сум јас, не можам да се фолирам. Знаев да бидам насилен, по еден пораз од Аталанта им кажав на играчите дека го освоија Скудетото за по*ран настап. Се свестив дека ги навредив и морав да се извинам“, истакна Мурињо.
Португалскиот стратег набрзо по финалето во ЛШ ги напушти Нераѕурите и го презеде кормилото на Реал Мадрид.