Мусијала го коментираше Јамал: Јас кога имав 16 години…

Џамал Мусијала е големата млада ѕвезда на германскиот фудбал. Иако има само 21 година, Мусијала е вистински лидер на теренот и со три погодоци е на делба на првото место на најдобри стрелци на турнирот.

Мусијала и Вирц во Германија против Ламин Јамал и Нико Вилијамс кај Шпанија треба да биде дуелот на ѕевздите кои допорва треба да доминираат во светскиот фудбал.

Мусијала има само 21 година, но вели дека не може да се спореди со Јамал, кој уште има само 16 години.

„Навистина е лудо да се игра на тоа ниво на 16 години! Јас кога имав 16 години уште немав физички услови да тренирам со професионалците, да играм со нив и да ја одржувам формата“, вели Мусијала, кој е оптимист дека Германија може да се пласира во полуфиналето

„Навистина е прекрасно да се види Јамал, но Германија не смее да се фокусира само на еден фудбалер. Шпанија има многу добри играчи кои може да направат разлика на теренот и сами да го одлучат победникот. Сепак, и ние Германците го имаме тоа и верувам дека имаме квалитет да се пласираме во финалето“, вели Мусијала.

- Оглас -

Најнови вести