Германија води со 2-0 против Данска во Дортмунд и е на прагот на пласман во четвртфиналето на Европското првенство.
Џамал Мусијала е стрелец на вториот гол за Германците, откако доби одлична длабинска топка од Нико Шлотербек. Тој влезе во шеснаесетникот и откосо од левата страна успеа да го совлада Шмајхел пласирајќи ја топката во спротивниот гол во 68.минута.