Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, ќе потпише нов договор со клубот откако постигнал целосна согласност со раководството на клубот.
Според информациите, офазивниот играч за врска ќе стави потпис на петгодишен договор, според кој ќе заработува 25 милиони евра годишна плата, или вкупно 125 милиони евра за периодот до јуни 2029 година.
Тековниот договор на 21-годишниот фудбалер е до јуни 2026 година, а германскиот репрезентативец има годишна плата од 8 милиони евра.
Мусијала му се приклучи на Баерн Минхен во 2019 година од Челзи, а следната година го имаше своето деби.
За овој период 21-годишниот офанзивен фудбалер, кој може да игра на повеќе позиции, одигра 174 натпревари за првиот тим на Баварците во сите натпреварувања, постигнувајќи 50 голови и 35 асистенции.
Во тековната сезона, Мусијала има 10 настапи и шест постигнати гола.
Талентираниот фудбалер досега има 36 настапи за репрезентацијата на Германија, на кои постигна шест гола и забележа осум асистенции.