Борусија Дортмунд нема да може да смета на Емре Џан и на Аксел Вицел, важен двоец во тимот, поради повреди на мускулите на стартните тренинзи што послужија како загревање за рестартот на сезоната во Бундеслигата.
Џан и Вицел нема да играат во големото рурско дерби во сабота, на 16 мај против Шалке 04 од 15.30 часот. Мечот ќе се игра на „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд.
Проблеми има и Вердер Бремен, екипа што бие битка за опстанок, а во понеделник ќе мора да оди на победа против Баер Леверкузен без перуанскиот репрезентативец Клаудио Пизаро. И кај него проблем е истегнување на мускулот, а напаѓачот на Вердер ќе паузира подолго и можно е да ја пропушти и сезоната до крајот.
Проблеми пријавија и Фортуна Диселдорф, Мајнц, Келн…, а најголем проблем кај играчите е што немаа сериозни тренинзи од март, кога беше прекинат шампионатот во Германија.
Во првото коло по долгата пауза во Германија поради ковид-19, или вкупно 26-то ќе играат:
Борусија Дортмунд – Шалке 04, сабота, 16 мај, од 15.30 часот
Аугсбург – Волфсбург, сабота, 16 мај, од 15.30 часот
Фортуна Диселдорф – Падерборн, сабота, 16 мај, од 15.30 часот
Хофенхајм – Херта, сабота, 16 мај, од 15.30 часот
Лајпциг – Фрајбург, сабота, 16 мај, од 15.30 часот
Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Менхенгладбах, сабота, 16 мај, од 18.30 часот
Келн – Мајнц, недела, 17 мај, од 15.30 часот
Унион Берлин – Баерн, недела, 17 мај, од 18.00 часот и
Вердер Бремен – Баер Леверкузен, понеделник, 18 мај, од 20.30 часот.