Уругвајскиот голман Фернандо Муслера веќе нема да брани за Галатрасарај, тоа беше познато уште пред некое време, тој постигна и гол на својот последен меч за истанбулскиот гигант (најави дека нема да брани утре во последното коло против Башакшехир), а денеска се одржа церемонија на простување.
Овој 38-годишен голман беше во истанбулскиот клуб од 2011 година и со него освои 16 трофеи. Муслера го држи рекордот на Галатасарај за најмногу настапи за тимот меѓу странските играчи (460).
„Би сакал да им се заблагодарам на сите мои соиграчи во овие 14 години, на Даниел Фонсека, на Фатих Терим, на Клаудио Тафарел, кои ме доведоа тука во 2011 година и на сите што ги исполнија сите услови за ова да се случи. Доаѓањето во Галатасарај беше најдобрата одлука во мојот живот. Пред 14 години дојдов сам во оваа прекрасна земја, во овој прекрасен клуб. Секако, постигнав успех во фудбалот; но исто така постигнав успех со моето семејство. Дојдов сам, а сега се враќам со семејството. Поминав 14 години со одлични играчи и тренери. Му се заблагодарувам многу и на мојот претседател, кој не прифати некои понуди за мене. Тој направи сè за да ме задржи тука. За мене, тој е повеќе од само претседател. Одличен пријател, постар брат“, изјави Муслера.
„Како што рече нашиот претседател, едно поглавје од мојот живот како играч можеби завршува тука, но јас ќе бидам дел од Галатасарај до крајот на мојот живот, а и Галатасарај ќе биде дел од мене. Навивачите ме поддржуваа и во добри и во лоши времиња. Би сакал да им се заблагодарам многу. Вие сте навивачи на најголемиот клуб во светот и дефинитивно секогаш треба да го поддржувате“, додаде Муслера, кој не се пензионира, но ќе брани некаде поблиску до дома.