Висар Муслиу игра во страшна форма, а блескаше и против Италија во победата во Палермо од 1:0 и со Португалија во македонскиот дрес кога „го стави Роналдо в џеб“ и денеска продолжи со прекрасен гол за Инголштад во англиски стил.
Стперот на Македонија погоди за германскиот второлигаш со удар со глава во 28. минута против Ауе што му е гол првенец во популарната германска Цвајта.
Погодокот на Висар можете да го погледнете ОВДЕ.
Инголштад води со 2:0 по првото полувреме, а Ауе има и играч помалку, по исклучувањето на Овусу во седмата минута.