
Македонија ја има најдобрата одбрана во квалификациската група Ј за пласман на Светското првенство во 2026 година, но гостувањето во Гент кај Белгија сигурно ќе биде голем предизвик за голманот Столе Димитриевски и играчите во потесниот дефанзивен ред. Еден од оние кои треба да даде сигурност во дефанзивата сигурно е искусниот Висар Муслиу, кој има одиграно многу важни натпревари во дресот на македонската репрезентација.
„Го нема Лукаку, но во Белгија има голем број квалитетни напаѓачи и сигурно нема да биде лесно. Ќе дадеме сè од себе, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија“, рече Муслиу пред утрешната пресметка.