Еден од главните столбови на одбраната на македонската фудбалска репрезентација, Висар Муслиу, денеска полни 27 години. Се разбира, честитки до него дојдоа од ФФМ и многу навивачи.
Висар е од онаа група на фудбалери кои играа на младинско Европско првенство, потоа беше дел и од сениорското ЕП, а има прилика пак да испише историја, со тоа што би бил дел од тимот на Македонија кој првпат би заиграл и на Светско првенство. За такво нешто, на Црвено-жолтите им требаат уште три победи, а првата треба да биде утревечер против Исланд, со што првпат би обезбедиле бараж за СП.
Прекрасно би било кога својот 28-ми роденден, Муслиу би го прославил за време на завршните подготовки на репрезентацијата за настап на Мундијалот во Катар. Ова сигурно е и негова желба, а за 27-миот роденден доволна е победа над Исланд.