8.8 C
Skopje
вторник, 10 февруари 2026

Мусовски дојде по пасош во Скопје, треба да игра против Данска во баражот за СП 2026

Македонската фудбалска репрезентација треба да добие големо засилување за бараж-мечот против Данска во обид да се стигне до пласман на Светското првенство кое ќе се игра ова лето.

Мусовски е искусен 30-годишен напаѓач кој настапува во тимот на Сиетл сандерс во САД. Тој е роден во САД, но неговите родители потекнуваат од Македонија и тој сега изрази желба да настапува за нашата репрезентација.

Тимот на Сиетл веќе 20-тина дена е во Европа, каде што е на подготовки пред почетокот на новата сезона во американската МЛС. Токму тоа што е во Европа, Мусовски го искористи моментот да дојде во Македонија и да  започне итна постапка за добивање македонски пасош, за потоа да може да заигра и за македонската репрезентација, пренесува СпортСпорт.мк.

Останува малку повеќе од еден месец за Мисовски да ги заврши сите административни процедури и конечно да добие македонски пасош, но и дозвола да дебитира за нашата репрезентација. Македонија на 26 март ќе гостува во Копенхаген против Данска во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство кое летово ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Мусовски минатата сезона во дресот на Сиетл постигна 16 гола на 34 средби. Искусниот 30-годишен центарфор во кариерата има играно и за екипите на Реал Солт Лејк, Лас Вегас, Лос Анџелес и Рено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести