Музети елиминиран од анонимен Грузиец, Синер експресно до победа за 109 минути

Се чини како да нема крај на големите изненадувања на овогодинешниот Вимблдон. Седмиот на светската АТП ранг-листа, Лоренцо Музети, загуби уште во првото коло од анонимниот Грузиец, Николош Басилашвили, кој во моментов е на 126-тото место во светот.

Музети беше поразен со 3-1, а се што успеа да направи беше да израмни на 1-1, откако го доби вториот сет со 6-2. Грузиецот го доби првиот сет со 6-2, а потоа со 7-5 и 6-1 ги доби и третиот и четвртиот сет за едно од најголемите, ако не и најголемата, победа во неговата кариера.

За разлика од Музети, неговиот сонародник, воедно и најдобар светски тенисер во моментов, Јаник Синер, без поголеми проблеми и за само 109 минути игра славеше над Лука Нарди со максимални 3-0.

Синер најмногу проблеми имаше во првиот сет, кој го доби со 6-4. Во вториот беше поубедлив и победи со 6-3, додека третиот го доби со максимални 6-0.

- Оглас -

Најнови вести