Музети ја погоди судијката со топче, но не беше дисквалификуван како Ѓоковиќ (Видео)

Инцидент на четвртфиналниот меч на Ролан Гарос меѓу Лоренцо Музети и Френсис Тиjафо предизвика бура реакции во тениската јавност.

Во текот на мечот, Музети случајно ја удри со топче во градите една од линиските судијки, откако го шутна со нога. Иако ситуацијата изгледаше сериозно, и дури и Тијафо реагираше сугерирајќи на прекршок, судијата на мечот му изрече на Музети само опомена – без дисквалификација.

Овој потег предизвика споредби со познатиот случај на Новак Ѓоковиќ од Отвореното првенство на САД 2020, кога српскиот тенисер ненамерно удри линиски судија со топче, што тогаш резултираше со негово исклучување од турнирот.

Разликата во третманот на двата случаи предизвика лавина коментари и сомнежи за недоследна примена на правилата. Многу навивачи и медиуми, особено во Србија, реагираа остро, прашувајќи се зошто тогаш Ѓоковиќ беше строго санкциониран, а сега Музети помина без последици.

Без оглед на инцидентот, Музети го продолжи мечот и славеше над Тијафо со 6-2, 4-6, 7-5, 6-2, обезбедувајќи го своето прво полуфинале во Париз.

- Оглас -

Најнови вести