Серикзан Мужиков е исклучен во финишот на првото полувреме на пријателскиот меч меѓу Македонија и Казахстан, откако брутално стартуваше над Кире Ристевски во самиот финиш на првото полувреме.
Мужиков како да заборави дека се работи за пријателски меч, па со две нозе од позади го фаулираше нашиот дефанзивец. Судијата веднаш му покажа црвен картон и автоматски го исклучи играчот на Тобол.
Ристевски за среќа не претрпе повреда во последниот контролен меч на Македонија пред настапот на Европското првенство. ПО овој меч нашата репрезентација ќе продолжи да се подготвува во Скопје до 8. јуни, кога ќе патува за Букурешт.
Во главниот град на Романија ќе играме со Австрија на 13. јуни, потоа и со Украина на 17. јуни, а последниот меч од Ц групата ќе ни биде во Амстердам на 21. јуни со Холандија.