МВП изданија на Харден и Адетокумбо, победи за Хјустон и Милвоки

Хјустон рокитс ги искористи двете шанси на домашен терен и израмни на 2-2 во серијата против шампион Голден стејт вориорс. Ракетите ноќеска го добија мечот со 112:108, предводени од најкорисниот играч во лигата и прв фаворит за одбрана на МВП титулата, Џејмс Харден.

Како во текот на целата сезона, па и во овие разигрувања, Хјустон се потпре на својата прва ѕвезда, а таа испорача кога беше најпотребно. Харден блесна со двоен учинок од 38 поени и 10 скока за да ја врати неивесноста на полуфиналната серија од Западот.

Воините со сите напори се обидуваа да се вратат во игра при негатива од -15 поени разлика во решавачките 12 минути, меѓутоа ништо не можеше да ја расипе вечерта на расположениот Харден.

Голем придонес во победата имаа и Гордон и Такер со двојните учиноци од 17 поени и 10 скока, односно 15 поени и 10 скока, додека Крис Пол заврши со 13 поени и 5 асистенции.Од редовите на шампионот, најразигран на паркетот беше Кевин Дурант со 34 поени, а Кари застана на 30 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=k1PfFUGnDpQ

 

Милвоки бакс направи голем чекор кон пласман во конференциското финале на Истокот откако дојде до брејк на гостувањето кај Бостон за водство од 3-1 во серијата по победата од 113:101. Вториот фаворит за освојување на МВП наградата, Јанис Адетокумбо, покажа зошто е меѓу најдоминантните кошаркари во НБА-лигата, со својот двоен учинок од 39 поени и 16 скока ги предводеше Елените до можеби најважната победа во овогодишните разигрувања.

Домаќините беа во игра сè до средината на третиот период, пред да им се случи колапс, а сето тоа го искористија Бакси, кои сега се во пол-позиција за првпат по сезоната 2000/01 да се пласираат во финалната серија од Источната конференција.

Јанис практично сам ги победи Селтикс, бидејќи вториот најефикасен играч од редовите на Милвоки беше Хил со 15 поени, додека за Бостон не беа доволни ниту 23-те поени на Ирвинг, ниту 20-те поени на Хорфорд.

https://www.youtube.com/watch?v=B_9Sevtd-4U

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести