16.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

МВР побара да се одложат кошаркарските мечеви од утре до 19 октомври

Мечевите од третото кошаркарско коло кое требаше да се игра престојниот викенд најверојатно ќе бидат одложени, и тоа по барање на Министерстовото за внатрешни работи. Од МВР до Кошаркарската федерација на Македонија пристигна барање да бидат одложени кошаркарските мечеви кои требаше да се играат во период од 14 до 20 октомври.

Причина за одложување на кошаркарските мечеви се Локалните избори кои в недела на 19 октомври ќе се одржат во Макеоднија.

Според првичниот план, в недела требаше да играат: Чаир 2030 – ТФТ Скопје, Феникс 2010 – МКК Куманово, Ангели – МЗТ Скопје Аеродром, Маџари – Пелистер, Кожуф – Гостивар, Работнички – Тиквеш.

 

- Оглас -

Најнови вести