18.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025

МВР потврди дека е приведено лицето од Арачиново кое клоцна фудбалер на Брегалница

Министерството за внатрешни работи потврди дека е приведено службеното лице од редовите на Шкендија Арачиново, кое вчера направи инцидент кога со клоца удри фудбалер на Брегалница Штип.

„На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, затоа што за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на ФК „Брегалница“. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, стои во билтенот на МВР.

- Оглас -

Најнови вести