Аеродром слави десетка – МЗТ Скопје го освои пехарот во националниот куп

Аеродром ја слави десеттата титула во македонскиот кошаркарски куп, откако вечерва го победи вечниот ривал Работнички со 77:69 во финалето.

Во седмото меѓусебно финале што го играа двете најтрофејни екипи во Македонија, подобри беа популарните Штркови и се израмнија со бројот на куп титулите со вечниот ривал, сега и двата клуба со по 10.

МЗТ Скопје многу подобро го почна мечот и разликата од 11 поени по првата четвртина, 23:12 го одреди целиот тек на мечот и беше клучен за триумфот на аеродромците.

По првото полувреме беше 37:28 за МЗТ Скопје, а неизвесноста кулминираше во последните три минути. Работнички успеа да намали на само 4 поени негатива, но Дамјан Стојановски постигна неверојатно тешка тројка во последната секунда од нападот и ја направи клучната разлика од 7 поени, 70:63.

Дамјан Стојановски со 19 поени беше најефикасен кај новиот победник во македонскиот куп, а веднаш зад него беше Бојан Крстевски со 16 поени.

Кај поразениот состав и на мечот прв стрелец беше Иван Аска со 20 поени поени, пред Питис со 13.

МЗТ Скопје со победата во седмото меѓусебно финале против вечниот ривал поведе со 4:3 во мечевите за титулата во националниот куп.

 

- Оглас -

Најнови вести