Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром спои две значајни победи само во неколку дена, и тоа прво против Цедевита Олимпија во АБА-лигата, а потоа и над вечниот ривал Работнички во првенството на Македонија, па атмосферата во екипата е на највисоко ниво.
Пред аеродромци сега е нов предизвик, а тој е на гости во Подгорица против Морнар во рамките од 19-тото коло на АБА-лигата. Ова е дерби на дното на табелата затоа што МЗТ е последен само со три победи, додека црногорскиот тим има пет победи и е во опасната зона.
Пред три месеци Морнар славеше во „Јане Сандански“ убедливо со 94:77, но аеродромци се убедени дека денеска може да се реваншираат. МЗТ е единствениот тим во АБА-лигата без победа на гости сезонава.
„Во Бар одиме со оптимизам и зголемена самодоверба, но без еуфорија бидејќи не ги забораваме претходните лоши партии, особено на гостински терен. МЗТ е единствен тим без победа на теренот на противниците и ако сакаме опстанок во АБА-лига, ова треба драстично да се промени, секако во наша корист. Очекувам подобра игра на моите кошаркари кои се надевам дека ќе го задржат квалитетот и нивото на енергија од средбата против Цедевита Олимпија. Ако го сторат тоа, тогаш имаме шанси да се радуваме“, вели тренерот на МЗТ, Драган Николиќ.
Во Sport Life има и понуда за плус-минус поени на играчите. Четворица кошаркари на МЗТ се дел од оваа понуда, па може да се обложите на тоа дали границата за дадени поени ќе ја надминат Мицовиќ, Кафи, Војдан Стојановски и Кук.