МЗТ ангажира нов американски бек

Американскиот кошаркар Џон Гилон (29 год, 183 см.) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром откако денеска потпиша договор со важност до крајот на сезоната.

Станува збор за искусен кошаркар кој игра на двете бековски позиции и кој треба да ја пополни празнината по прекинот на соработката на Седрик Расел. Во минатата сезона играл во Литванија, за прволигашот Пиено, а претходно бил член и на турската Дарушафака, унгарскиот Алба Фехервар и две екипи од Тајван.

Неговото деби во сино-белиот дрес се очекува на средбата против Феникс закажана за 3 март.

- Оглас -

Најнови вести