29.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

МЗТ без проблем влезе во полуфиналето на плејофот

Актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје Аеродром, без многу да ги троши силите, го победи Феникс 2010 со 84-62 во третиот меч од четвртфиналето на плејофот и со чисти 3-0 во победи се пласира во полуфиналето, во кое ќе се сретне со МКК Куманово или Кожув.

Металците доминираа во првото полувреме и не му дозволија на противникот да помисли на чудо. Потоа во вториот дел беше само рутинско одработување на работата и на крај Сино-белите прославија со своите фанови кои дојдоа да ги поддржат на овој денски меч.

- Оглас -

Најнови вести