МЗТ без првиот стрелец на клучниот меч за влез во АБА лигата

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром на утрешното гостување кај Задар (мечот почнува во 18 часот) ќе ја игра мајсторката од баражот за пополнување на АБА лигата, а македонскиот тим ќе биде ослабен со отсуството на најдобриот стрелец во досегашниот дел од сезоната, Андрија Бојиќ.

Србинот има повреда на скочниот зглоб, па не замина за хрватското приморје. Ова е сериозен хендикеп за МЗТ. На гостувањето во Задар, Бојиќ даде 24 поени и беше прв стрелец, а имаше и девет скока и три асистенции. Во „Јане Сандански“, Србинот играше 17 и пол минути, во кои имаше шест поени и еден скок. Неговото отсуство ќе пробаат колку-толку да го надоместат Младеновски и Маслинко.

„Металците“ го добија првиот дуел во салата „Крешимир Ќосиќ“, но загубија дома поради што сега повторно како гости ќе мора да го бркаат пласманот во јадранската елита.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести