МЗТ Скопје Аеродром утре, на гостувањето против Сараево ќе игра без тројцата македонски репрезентативци во меч од АБА 2 лигата против тимот на Спарс. Дарко Соколов, Љубомир Младеновски и Марко Симоновски се жалат на повреди, па затоа воопшто нема да бидат во Сараево.
„Пред нас е дуел против екипа која поседува голем физички талент, а згора на тоа има и голем број искусни играчи во својот ростер. Кошаркарите на Спарс играат агресивна одбрана, одлично трчаат во транзиција и секогаш се агресивни на офанзивен скок. Наспроти ова, ние во Сараево доаѓаме сериозно ослабени, без тројца играчи кои се стандардни во нашата ротација. Но, сигурен сум дека останатите во мојот тим ќе најдат сила и ќе го надополнат нивното отсуство“, вели Кочов.
МЗТ Скопје Аеродром моментно го дели второто место на табелата токму со тимот на Спарс. Двата тима во досегашниот дел од натпреварувањето имаат по 7 победи и три порази.