Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром триумфираше со 73-59 на големото кошаркарско скопско дерби против Работнички.
До пред крајот на првото полувреме во СРЦ Кале беше неизвесно и напнато, а потоа доминураа Штрковите кои на крај извојуваа рутинска победа, деветта по ред во меѓусебните дуели со градскиот ривал.
Во финишот судиите го исклучија Американецот Декоузи (вечерва најефикасен во ппоразениот тим) кој го удри противничкиот капитен Дамјан Стојановски. Навивачката група на Работнички во првиот дел предизвика прекин со фрлање на пиротехнички средства, а во текот на второто полувреме ја напуштија салата.