Кошаркарите на МЗТ Скопје се вторите финалисти во Купот на Македонија, откако во полуфиналето предмалку го совладаа Феникс 2010 со 76:66.
Тимот од Аеродром ќе го брани насловот од минатата сезона, овојпат против амбициозниот ТФТ во финалето кое е закажано за 19:30 часот.
МЗТ на оваа средба тргна убедливо и веќе по првите десет минути имаше двоцифрена предност (27:17), за до крајот на полувремето, опонентот да успее да намали за еден поен (46:37) а на стартот од вториот дел, односно на средина на треттата четвртина резултатот на семафорот беше 51:48.
Но, фаворитот со фуриозна завршница успеа да се одвои и без мака да оствари победа. во Купот. Најефикасни кошаркари со по 17 поени беа Војдан Стојановски (МЗТ) и Бојан Трајкоовски (Феникс 2010).
Како што напоменавме, големото финале во СРЦ Кале е закажано за 19:30 часот, додека мечот за трето место меѓу Навико и Феникс е со почеток од 17 часот.