МЗТ гостува во Загреб, улогата на фаворит е за домаќинот

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Загреб ќе гостува на екипата на Цедевита, во рамките од второто коло на АБА 2 лигата. Аеродромци во првото коло лесно го победија Теодо од Тиват на дуелот во Скопје, а сега следува гостински предизвик.

Цедевита стартуваше со пораз дома од Хелиос Домжале, па загрепчани сега се мотивирани да го поправат впечатокот. МЗТ и Цедевита играле само еднаш и тоа точно пред една година, кога хрватскиот тим победи на гостувањето во Скопје со 92:79.

Според квотите во Sport Life, Цедевита сега ја има фаворитската улога, но тоа не значи дека избраниците на тренерот Васко Атанасов предвреме ќе се предадат.

„Сезоната ја почнавме добро, но свесни сме дека можеме и мораме уште подобро. Против себе имаме квалитетен противник, кој негува брза кошарка, стил на кој ќе мора да најдеме начин да му парираме. Веруваме во сопствените можности и сигурен сум дека ако се држиме до планот за игра дека ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е победа“, рече Атанасов пред вечерашниот дуел.

- Оглас -

Најнови вести