МЗТ Скопје Аеродром со добра игра на македонските кошаркари, извојува победа над Куманово од 75-58 во дуел од првата кошаркарска лига, и ја запре мини-серијата од два порази по ред, по еден во домашната лига и АБА 2.
Стојановски со 17, Николов со 15 и Крстевски со 14 поени беа најефикасни, а 11 даде Морнар, кој беше единствен странец, со оглед на тоа дека Хиндс воопшто не влезе во игра.
„Металците“ денеска официјално се разделија со кенискиот интернационалец Нуни Омот. Според клубот, крилниот центар веќе извесен период има семејни проблеми, поради што не можеше целосно да им се посвети на професионалните обврски, ниту, пак, да биде максимално концентриран на средбите. Омот во АБА 2 лигата имаше просек од 14,2 поени по меч.
Во моментов се играат три меча во кои победи треба да извојуваат Еуроникел, Кожув и Гостивар кои се во убедлива предност, а утре Работнички е фаворит против Пелистер.