Историјатот на финалните пресметки во кошаркарскиот плејоф во Македонија најавува дека вечерашниот трет меч од серијата помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер може да биде клучен околу освојувачот на титулата.
Резултатот по два меча е 1-1, а досега во 30-годишната историја на макбаскетот, тим кој водел со 2-1 во едно финале кое се играло во три добиени, секогаш бил и шампион на крајот.
МЗТ оди по деветта, а Пелистер по прва титула. Вечерва во „Јане Сандански“, на средбата која почнува во 19 часот е најавено присуство и на гостински навивачи, па освен на паркетот, дуел ќе има и на трибините.
Предвиден е и телевизиски пренос на МТВ-3, како и интернет-стрим. Според квотите во Sport Life, голем фаворит е МЗТ, а освен на конечен тип, може да се обложите и на уште еден куп други игри.